Три лица, меѓу нив и двегодишно дете, повредени во вчерашната несреќа кај скопскиот аеродром: МВР со детали

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 05:30 часот на автопатот „Пријателство“, на сервисната улица која го поврзува со Меѓународен аеродром Скопје, патничко возило „нисан“ со српски национални ознаки, управувано од Н.Ѓ.(33) од Србија, удрило во метална ограда и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка А.Ѓ.(26) од Србија, додека со телесни повреди се здобило нивното двегодишно дете, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.

Scroll to Top