Вчера во 23:55 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слободаТ.З.(63) од Тетово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Ноќеска во 02:00 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода В.П.(22) од Крива Паланка. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
фото: МВР







