Вчера во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода 68-годишниот К.Ѓ. од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години поради сторено кривично дело по член 378 став 1 од КЗ.
Исто така вчера во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода 62-годишниот И.Г. од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години поради сторено кривично дело по член 64 став 2 во врска со член 22 од КЗ.
Вчера во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода 44-годишниот Н.Ј. од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 123 став 1 во врска со член 19 од КЗ.
Лицата се спроведени во надлежните казнено поправни установи.







