Уапсен скопјанец – излажал дека е лекар од Италија и побарал 35.000 евра од повозрасна жена

Полицијата уапси скопјанец во Крива Паланка, се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра.

Според информациите на МВР, вчера околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама.

Претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известило дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе кршеници на нога и вилица и дека ќе треба даде 35.000 евра за да ѝ биде направена операција.

Бидејќи немала толку пари се договорила со него да ги даде сите пари што ги има дома, но во меѓувреме се јавила на зет ѝ кој ја советувал да се јави на полиција, по што полициски службеници го затекнале лицето и го лишиле од слобода во близина на нејзиниот дом.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top