Уапсен 15-годишник од Кичево: со мопед удрил во велосипедист

Вчера во 18:10 часот, на улица „Влашки пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 15-годишник од Кичево.

Претходно, тој управувал мопед со кичевски регистарски ознаки без положен соодветен возачки испит и удрил во велосипед кој го управувал А.А.(68) од кичевското село Црвевци, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Scroll to Top