Утре без вода делови од Карпош поради реконструкција на водоводната мрежа

Дел од жителите на општина Карпош утре (28 април) ќе останат без вода поради реконструкција на водоводна мрежа на крстосницата меѓу улиците Париска и Хелсинки, соопшти РЦУК – Скопје.

Според информацијата, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од улиците Париска, Варшавска и Хелсинки, како и гимназијата Георги Димитров.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Scroll to Top