Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 26.06.2026 година ( петок ) поради санација на 2 затварачи од ф – 400 и ф – 500 мм доколку постојат технички услови, во периодот од 18.00 часот па до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Никола Парапунов, како и дел од корисниците од улиците Разловечко Востание и Вич.
Нормализирање на водоснабдувањето се очекува кај 12.00 часот на ден 27.06.2026 година ( сабота). Доколку не бидат исполнети техничките предуслови, интервенцијата се одложува за наредниот период. ( општина Карпош ).







