Утре, сончево со мала до умерена локална облачност

Времето утре, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.


ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура

Scroll to Top