Фестивалот „Гола месечина“ во паркот „Авионче“ од 25 до 27 септември

Фестивалот „Гола месечина“ од 25 до 27 септември ќе го исполни паркот „Авионче“ во Ново Лисиче, со музика, стендап-комедија, кабаре, детска програма и содржини за сите генерации.

„Како Општина Аеродром, горди сме што ја поддржуваме оваа културна манифестација и што заедно создаваме настан што ги зближува граѓаните и носи нова енергија во нашиот Аеродром. Три вечери, богата програма и бесплатен влез за сите.

Ве покануваме да бидете дел од „Гола месечина“ – да се дружиме, да се насмееме и заедно да уживаме во културата и забавата под отворено небо“, велат од Општината.

Влезот е бесплатен.

Scroll to Top