(Фото) Откорнати дрвја, покриви, искинати кабли, непроодни улици по невремето во делови од Скопје

Силниот ветер што го зафати Скопје предизвика штети речиси во сите скопски населби.

Откорнати покриви, паднати дрвја, искинати кабли за струја, беа сликите кои граѓаните ги објавуваа на социјалните мрежи.

На улицата Цветан Димов во скопски Чаир речиси и да не може да се помине од искршени гранки, реагираат жителите.

Една лента на улицата според сведочењата е нефункционална, затрупана со паднати гранки, по цела должина.

Нема улица во градов без паднато дрво, превртен контејнер па дури и паднати покриви од згради.

УХМР соопшти дека силен ветер, дожд и грмежи попладнево ги зафати и Куманово, Штип и Кочани а невремето се движеше и во правец кон Виница.

Scroll to Top