Кандидаттот з аградоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски смета дека неговиот противкандидат во вториот круг, Амар Мециновиќ од партијата Левица, и во првиот круг имал поддршка од Демократската унија за унитеграција (ДУИ), а со повикот за поддршка до Социјадемократскиот сојуз на Македониј а(СДСМ), станала јавна нивната коалиција.
„Ако во минатото ние говоревме за тие состајби, а некој ги негираше, мислам дека особено после она што се случи вчера повикот на Левица поради иста идеолошка платформа или исти погледи да ги поддржеле гласачите на СДСМ, веќе е јавна таа коалиција и треба да се земе предвид и добро да се анализираат резултатите да видиме во кои делови Левица има добиено поддршка. Јас сметам дека и во првиот круг Левица имаше поддршка од Демократската унија за интеграција, но мој фокус ќе биде да ја добијам поддршката од сите скопјани“ рече Ѓорѓиевски.
Кажа дека не се занимава со партиски интриги како што тоа го прават други ниту пак со црна кампања оти смета дек аима сериозна кампања што ја нуди на граѓаните и кредибилитет од срабпотеното изминатите четири години.
„Нашиот народ е многу мудар. Колку и некој да прави калкулации, внатрепартиски игри, собири и да пробува да прегупира гласови, убеден сум во победа која ќе ги декласира на овие избори. Сите на куп кои и да се“, вели Ѓорѓиевски.
Заедно со новите советници во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ Ѓорѓиевски извести дека денес ќе напрват стратегија за решавање на најгорливите прашања што ќе им бидат во фокус до Нова година откога тој ќе биде избран за градоначалник. Прв чекор рече дека ќе им биде ребаланс на буџетот, а потоа најави дека ќе се потрушат да го избришат се она што во изминатите четири и повеќе години било грда слика.
Димитровски вети мнозинство кое ќе гарантира транспарентно работење и одгворно трошење на народните пари
Даме Димитровиски, носителот на листа за советници од ВМРО – ДПМНЕ и колалицијата кои имаат мнозинство во Советот, рече дека вратата за соработка со сите советници во Советот ќе биде отворена. Најави дека мнозинството ќе се базира на девет темелни политики кои се веќе поставени, а тоа се намалување на загадувањето на воздухот, систем за современо управување со отпад, брз и доверлив систем за јавен транспорт во градот, јавни простори за скопјани, велосипедизам и други алтернативни начини на превоз за скопјани, безбеден сообраќај за најмалите во Скопје, Скопје град на културата, Скопје центар на наука и технолошки развој на Балканот, и најважно, отворен Совет, транспарентност и одговорно управување со буџетот на Градот.
Димитровски вети мнозинство кое ќе гарантира транспарентно работење и одгворно трошење на народните пари.
Орце Ѓорѓиевски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг освои 91.663 гласа, Амар Мециновиќ од Левица освои 30.665 гласови, Башким Бакиу од „Вреди“ доби 27.898 гласови, Каја Шукова од СДСМ освои 27.737 гласа, Скендер Реџепи од партијата Народно движење која беше дел од коалицијата Национална ачијанса за интеграција предводена од ДУИ освои 26.114 гласови, а сите останати кандидати заедно освоија 17.145 глсови.
Вториот круг на локалните избори во кои ќе се избере градоначалник на Скопје и на општините во ко не беа избрани градоначалници во првиот круг, ќе биде на втрои ноември.







