Вчера во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода 61-годишниот М.Б. од село во општина Маврово и Ростуше, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа ја затворил неговата 49-годишна сопруга, физички ја нападнал и ѝ се заканувал.
Околу 19:30 часот полициски службенции ја ослободиле жената, а тој бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







