Американец најден починат во хотелска соба во Скопје

Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил најден починат Р.Р.Ц.(43) од САД.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи  траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Scroll to Top