СДС и Филипче треба повеќе да работат за Македонија, отколку да кодошат во Бугарија, истакна Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Филипче со рејтинг од само 4%, знаејќи дека во Македонија никој не ги поддржува, ниту им дава на значење, се свртија да одработуваат за странски држави и странски партии.
СДС и Филипче свесно шират какафонија во медиумскиот простор, бидејќи се загубени и немаат што да понудат на граѓаните, освен лаги, измислици и манипулации.
Затоа, СДС и Филипче велат дека уставните измени се последниот чекор кон ЕУ, додека новиот бугарски премиер Румен Радев, категорично во секој негов настап вели дека по уставните измени, Бугарија ќе има и други барања“.
Дека уставните измени се последната пречка за Македонија, веруваат, како што вели, само Венко Филипче и оние лојалистите на Зоран Заев, поставени лично од него во партиските структури на СДС.
Наместо да застанат на вистинската, македонската страна и да ја бранат државата, СДС и Филипче, додава Манасиевски, по стапките на Заев, да можат уште еднаш ќе го сменат името за да дојдат на власт и да крадат.
„Тоа што Заев го започна, Филипче нема никаков проблем да го заврши.
Овие антидржавни политики на СДС, Заев и Филипче им носат само штета, низок рејтинг рамен на статистичка грешка и исчезнување од политичката сцена“.
Ги повика СДС и Филипче, како што рече, конечно да се вразумат и да застанат во одбрана на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство.







