(Видео) Полицијата најде кокаин во Скопје, го криеле под бебешко мече

Денеска од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Б.(23) од село Брест, скопско.

При претресот пронајдена е поголема количина кокаин. С.Б. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top