(Видео) Филипче за Мицкоски: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен?

Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот, ќе го бранеше името, јазикот, културата, идентитетот, па сè е зачувано во меѓународниот договори. Па сега зборува некои будалаштини, Исланд не сакал во Европска Унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен? Да нè изолира целосно? Па дали мисли дека сме наивни? Дали мисли дека луѓето се наивни? Што сака да постигне?, праша лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес – конференција во Собранието.

Тој го обвини Мицкоски дека зборува будалаштини и дека ја загрозува иднината на земјата со изолација од Европската Унија.

Филипче рече дека Македонија се наоѓа во ќорсокак за својата европска иднина, токму заради личната желба на Мицкоски.

„Не знам дали сте свесни каква тежина политичка има овој момент во којшто после 30 и кусур години ние сме во ќорсокак за Европа. По желба лична на Христијан Мицкоски. Дали сте свесни дека има јасен чист пат за 4 земји и нас таму нè нема. До 2030 година, отворена е вратата во Европа, земји и членки ќе станат Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија. Нас нè нема. При тоа, Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот, ќе го бранеше името, јазикот, културата, идентитетот, па сè е зачувано во меѓународниот договори. Па сега зборува некој будалаштини, Исланд не сакал во Европска Унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен? Да нè изолира целосно? Па дали мисли дека сме наивни? Дали мисли дека луѓето се наивни? Што сака да постигне?“, рече Филипче.

Филипче предупреди дека земјата ризикува да остане надвор од европскиот процес, додека други држави се движат кон членство во Европската Унија.

„На Христијан сакам да му порачам, нека размисли добро, ако треба и нека не спие вечер, за тоа што ќе и каже на Урсула фон дер Лајен? И да не се игра со иднината на земјата, затоа што може да му судат следните генерации“, порача Филипче.

Тој, исто така, го повика владејачкото мнозинство да го поддржи предлогот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата за зголемување на минималната плата на 600 евра и обезбедување субвенционирање на придонесите за приватните компании, со цел зголемувањето на платите да не биде товар за работодавачите.

Во спротивно, рече Филипче, власта ќе се соочи со граќански револт.

„Нека ги поддржат компаниите, да се субвенционираат придонесите за да тоа зголемување на платите не им биде терет на приватните компании и на сопствениците кои што тоа го работат“, рече Филипче.

Тој додаде дека власта мора да скрати од своите луксузи и пари во буџетот има.

„Направени се пресметки им укажавме на минатата прес-конференција и од каде може да ги најдат парите. Нека скратат на луксузите, патувањето, мебелот и колите и пари во буџетот може да се најдат“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, нагласи дека ако Владата продолжи со ваквото неодговорно однесување кон граѓаните, ќе има социјални немири.

„Ќе има социјални немири во државата ако власта вака неодговорно продолжи да се однесува.Ги предупредувам дека ќе се соочат со граѓански револт“, рече Филипче.

Scroll to Top