Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости, се пофали Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос туристичката сезона која е во полн ек и резултатите од истата, изјави дека владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носат резултати.

„Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во којашто ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно“.

Тој процент, кажа Мицкоски е 40%, споредено со претходната година.

„И тоа е за нас големо признание, посебно што тоа учествува во Бруто домашниот производ и јас очекувам веќе тоа да се забележи во Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година.“

Scroll to Top