Казиноманот Артан Груби си го бара пасошот назад. Неговата одбрана понудила недвижен имот вреден преку 335 илјади евра како гаранција. Сега јавноста со право бара објаснување чиј е имотот и како е стекнат, велат од ВЛЕН.
„Граѓаните знаат колку години се работи за еден покрив над глава. Затоа оваа сума боде очи. Народот врзува крај со крај, а само за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса. Ако имотот е негов, толку ли има заштедено од функционерска плата? А што правеше Артан Груби додека народот ги пакуваше куферите? Тој и неговата партија го сееја коцкањето по секое маало. Црната кутија на ДУИ сега си го бара пасошот, ама има уште многу да објаснува. Заврши и на американската црна листа поради корупција и за брутално мешање во правосудството“, велат од ВЛЕН.
Од таму велат дека Албанците доволно платиле за политиката на ДУИ, со изгубени години и разделени семејства.
„Додека народот се разделуваше од децата, врхушката не се разделуваше од фотелјите. Денес Груби си го бара пасошот. Народот си ги бара децата дома“, велат од ВЛЕН.







