ВМРО-ДПМНЕ: Владата носи инвестиции од САД, СДС и Филипче немаат реална понуда за граѓаните освен лаги и хистерија

„СДС и Венко Филипче продолжуваат со лажната грижа за граѓаните. Лицемерието на Филипче и СДС оди до таму што велат дека бил загрозен македонскиот идентитет и дека Македонија била во изолација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Партијата што ја распродаде државата, смени име и ја доведоа државата во ќорсокак на патот кон Европа на чело со Заев, Филипче, Спасовски Мариќич и останатите од СДС сега наводно се „грижат“ за македонскиот идентитет.

Филипче по сите жртви од модуларната болница и сите скандали како тој со Онкологија, провизиите од вакцини сега очекува дека народот ќе му верува за тоа колку тој бил загрижен за пензионерите, земјоделците, минималната плата и останатите предизвици за кои СДС нема ниту план ниту стратегија.

Филипче треба да знае дека народот јасно виде кои се интересите на СДС Заев и Филипче како инвестирањето во висококатници во Дубаи, луксузирање на јахти по Егејот и скапите журки со Харис Џиновиќ.

Додека СДС и Филипче нудат само демагогија, празни ветувања и хистерија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови инвестиции, отворање на нови фабрики, нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top