ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на соопштението од СДСМ . „ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува обидот за политизација на спортот во Македонија. Навистина е симптоматично и чудно зошто СДС како политичка партија не и погледне на вистината во очи и ја брани преку дефокус лошата организација на Олимпијата од страна на МОК. Какви политички интереси има СДС во МОК. Се што беше побарано беше и овозможено како логистика од страна на Министерството за спорт. Се понатаму од оваа единствена вистина е срамна политизација за ефтини политички поени. СДС е партијата која за цели 7 години не изгради спортско игралиште, ниту еден базен, ниту еден фудбалски терен. Нивниот резултат за спортот се множи со нула. СДС е неконструктивна и тотално безидејна партија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.







