ВМРО-ДПМНЕ: Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС во опозиција, а доказ за тоа е бегството на Васко Ковачевски заради милионски криминал

Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС и ДУИ во опозиција.СДС никако да се помири со фактот дека веќе се опозиција и дека не можат да местат матни тендери во енергетиката, од кои длабоко профитираа, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. „Ако заборавиле, да ги потсетиме, нивниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е во бегство за сторен милионски криминал, токму од такви матни тендери договорени во четири очи. СДС се тие коишто ЕСМ го наследиле со 20 милиони евра на сметка, а за седум години, токму поради нивните матни тендери наместени во четири очи, го оставија со минус од 80 милиони. Договарањата зад затворени врати за лични интереси на СДС и на нив блиските, го доведе енергетскиот сектор до фаза на целосно уништување, додека нивните профитирале милиони. Додека сега, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи Македонија да ја на направи енергетски независна и земја раскрсница за набавка и транзит на енергенси. Дел од реализацијата на тој план е и инвестицијата на ветерниот парк на компанијата „Алказар Енерџи“ во вредност од 500 милиони долари, која претставува една од најголемите енергетски инвестиции од независноста“, се вели во партиската реакција.

Scroll to Top