ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони

Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони, а кој не, телефонски повик меѓу раководители на институции не е криминал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ на која побараа оставка од јавниот обвинител и обвинија за телефонски нарачки на премиерто, Христијан Мицкоски.

„Обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, јавно сведочеше дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, оделе навечер во тогашните канцеларии на СЈО, и на обвинителите Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефанова им диктирале кој предмет да се работи, кој не, и кој поединец да биде опфатен со одреден предмет, а кој да биде изземен од политичкиот прогон кој го извршуваа, благодарение на Катица Јанева. Поранешен судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски јавно изјави дека бил разрешен откако не дал позитивно мислење за случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска, утредента на вонредна седница на Судски совет, веќе бил разрешен од функцијата. Во кратки црти, Катевеновски бил разрешен затоа што не постапил по политичка директива. Да не го заборавиме и Кацарска судството која делуваше по насоки на Заев, за што и стана Уставен судија, и за Русковска обвинителството, која по насока на Заев бараше 200 години затвор за уставобранителите, за дело кое не соодвествува со реалноста. Тогаш СДС молчеше и не ги осудуваше тие случувања.

Сега СДС реагира за телефонски разговор помеѓу претседател на Влада и државен јавен обвинител. Што е тука криминал, ако премиер побара да се информира за скандалот со ослободување од одговорност за милионски криминал во ТЕЦ Неготино? Вака СДС директно се вклучува во одбрана на Васко Ковачевски кој е ослободен во бегство од политичкото обвинителство водено од Ислам Абази, кадарот на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче“, пишува во реакцијата.

Scroll to Top