Возило удри во бандера во Скопје: една жена тешко повредена, тројца со повреди

Една жена е тешко повредена, а тројца сопатници се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во Скопје.

Несреќата била пријавена околу 18:00 часот на улицата „Шабан Рамети“, каде Д.Д. (22) од Германија, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска бандера.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ф. (63), додека со телесни повреди се здобиле Ј.И. (60), Х.С. (56) од село Рашче и А.В. (56) од село Долно Свиларе.

Повредите биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Scroll to Top