Вчера во Полициското одделение Нов Дојран, 78-годишниот Д.А. од Нов Дојран пријавил дека во нива во атар на Нов Дојран пронашол граната.
Службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, при што е утврдено дека се работи за неексплодирана артилериска граната 155 мм, која потекнува од Првата светска војна.







