СВР Тетово поднесе кривична пријава против 33-годишната Е.Р. од село Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’.
Пријавената го довела во заблуда нејзиниот партнер од Косово дека е бремена, при што тој во неколку наврати преку брз трансфер на пари и префрлил 18.000 евра, по што признала дека го лажела дека детето е негово за да испраќа пари.







