Двајца насилници нападнале вработена во Центарот за социјална работа во Тетово

Двајца насилници нападнале вработена во Центарот за социјална работа во Тетово.

Според информациите на МВР, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(43) од с.Горно Седларце и Н.Б.(39) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“

На 23.02.2026 во Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, пријавените насилно влегле во службена просторија и кон вработена упатувале закани, при што еден од нив се обидел ѝ физички да ја нападне, но бил спречен од обезбедувањето.

Scroll to Top