Две лица од Кина пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје

Две лица од Кина се пронајдени починати во стан во центарот на Скопје, соопшти МВР.

Случајот бил пријавен на 2 септември околу 13:50 часот во СВР Скопје, откако Н.М. во стан ги пронашла починати нејзината мајка Ч.Т.Ј.(50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф.(37), двајцата од Кина.

Според полицијата, Н.М. претходно истиот ден, во 00:49 часот, ги пријавила двајцата за исчезнати.

Лекар од судска медицина констатирал смрт без видливи траги на насилство, а телата се дадени на обдукција.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top