Договор за продажба на имот со својот татко, па поврат преку катастар: Кривични пријави за службена злоупотреба и измама

Полицијата поднесе кривични пријави против две лица поради сомнение за злоупотреба на службената положба и измама во постапка поврзана со продажба и поврат на недвижен имот.

Според информациите од МВР, пријавениот З.М. (51) од Струмица во 2022 година дал полномоштво на трето лице за продажба на негов имот, иако претходно потпишал изјава дека тој имот нема да го отуѓува, заложува или на друг начин дава на располагање без писмена согласност на таканаречен „ремитент“ – поради обрска поврзана со кредит.

Имотот бил продаден на неговиот татко, со склучување на договор кој потоа бил потврден од нотар и електронски спроведен во Катастарот на недвижности.

Подоцна, службеничка во Катастарот – К.Д. (55) од Јосифово, која работела како самостоен референт за геодетски работи – извршила промена во евиденцијата со која парцелата повторно се водела како сопственост на З.М., односно враќање на имотот од новиот сопственик назад на продавачот.

Поради овие дејствија, против К.Д. е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, а против З.М. – за измама.

Scroll to Top