По повод Денот на наставниците, Општина Карпош додели признанија на 10 наставници од сите десет основни училишта на територијата на општината.
Со ова Признание за успешен наставник се оддава почит на нивната посветеност, професионалност, знаење и придонес во образованието и воспитувањето на младите генерации.
Признанијата ги добија: Лидија Стефановска Ангеловска од ООУ „Лазо Трповски“, • Пепи Стефановска од ООУ „Вера Циривири-Трен • Анета Аначкова од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, • Татјана Ѓеоргиевска од „Јан Амос Коменски“, • Гилсер Абдула од ООУ „Братство“, • Надица Митевска од ООУ „Војдан Чернодрински“, • Биљана Јованова од ООУ „Владо Тасевски“, • Катерина Милевска од „Петар Поп Арсов“, • Невена Маркоска од ООУ „Димо Хаџи Димов“ и • Александра Гаврилоска од ООУ „Аврам Писевски“.







