Во просториите на компанијата Енерго Систем, официјално беше отворена MBT Academy – иновативен тренинг центар посветен на теоретска и практична обука за HVAC системи од премиум брендот MDV, чиј ексклузивен увозник и дистрибутер за Македонија е токму Енерго Систем.
На настанот присуствуваа околу 200 соработници, проектанти и инженери од HVAC секторот во земјата, кои заеднички го одбележаа отворањето на академијата и ја потврдија силната посветеност кон унапредување на енергетската ефикасност и професионалните стандарди во индустријата.
Програмата започна со презентација на најновите енергетски решенија од MDV, кои се издвојуваат со високи перформанси во системите за греење и ладење. Во своите обраќања, генералниот менаџер на Енерго Систем, Оливер Костовски, и бренд менаџерот за MDV во Македонија, Милан Неделковски, ја нагласија важноста на континуираниот професионален развој, иновациите и развојот на стручниот кадар во HVAC секторот.
MBT Academy и Енерго Систем во следниот период ќе реализираат специјализирани обуки во помали групи, со фокус на практична примена на знаењето – инсталација и вградување на MDV системите.
Со овој пристап се овозможува стекнување на конкретни вештини и компетенции за реализација на ефикасни и одржливи проекти, со што се придонесува кон понатамошен развој на HVAC индустријата во Македонија.











