Триесет и двегодишна жена се здобила со тешки повреди откако во неа удрил електричен тротинет на улицата „Илинденска“ во Тетово.
Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 10 часот, кога електричен тротинет управуван од 16-годишен малолетник од тетовското село Лисец удрил во И.Ѓ. (32) од селото Непроштено.
Повредената најпрво била пренесена во Клиничката болница во Тетово, а поради сериозноста на повредите била транспортирана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Тетово.







