Жена oд Скопје тврди дека подолго време трпела семејно насилство, сопругот пријавил закани неколку часа подоцна

Во текот на ноќта во Скопје, сопружници меѓусебно се пријавиле во полиција по инцидент во нивниот дом на подрачјето на Центар.

Околу 1 часот по полноќ, 52-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг агресивно се однесувал и се обидел физички да ја нападне. Според нејзината пријава, таа подолг период била изложена на физичко и психичко малтретирање, но претходно не го пријавувала случајот.

Неколку часа подоцна, околу 3 часот, и 52-годишен маж пријавил дека во истиот дом му биле упатени закани од неговата сопруга.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top