Жител на гостиварско ја нападнал поранешната девојка со метален предмет

Жител на гостиварско ја нападнал поранешната девојка со метален предмет.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Е.М.(41) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“.

На 17. април, пријавениот на мобилен телефон испратил пораки со заканувачка содржина на 36-годишна жена, со која претходно бил во љубовна врска, додека на 18. април на паркинг простор во Гостивар ја нападнал со метален предмет.

Scroll to Top