Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга-Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Е.Н. од село Велешта, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Е.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

фото: архива

Scroll to Top