Денеска (28.08.2025) во 09.43 часот во СВР Штип, е пријавено дека кај с.Облешево, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки управувано од Т.Н.(44) од с.Уларци, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани, соопшти полицијата.







