Загина 49-годишен кумановец: во несреќа помеѓу возило и мотоцикл

Вчера околу 12:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(64) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(49) од Куманово.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар констатирал смрт.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.

Scroll to Top