Запалиле поголема количина кабли и предизвикале пожар на депонија кај Буково: тројца уапсени

Вчера во 19.30 часот на депонијата кај Буково, полициски службеници од СВР Охрид од слобода ги лишија 27-годишниот Ф.А. од Кавадарци, 31-годишниот Е.И. од Штип и 38-годишниот Е.Н. од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека на депонијата запалиле поголема количина кабли.

Во близина на депонијата, полициските службеници забележале и товарно моторно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки натоварено со кабли и друг материјал.

По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“.

Scroll to Top