За првпат во Прилеп е изведена AutoCart процедура на колен зглоб: „Ова е нов чекор во современата ортопедија“

Вчера за првпат во Прилеп е изведена AutoCart процедура на колен зглоб. Станува збор за современа биолошка метода за третман на оштетувања на зглобната ’рскавица, при која се користат сопствени клетки и биолошки материјали од пациентот, со цел поттикнување на регенерацијата на ’рскавицата и подобрување на функцијата на зглобот, извести Министерството за здравство.

„Ова е нов чекор во современата ортопедија во Прилеп! Оперативниот тим го сочинуваа: оператор д-р Кире Јоноски, асистент д-р Миле Милошески и медицинска сестра Жаклина Мидоска.

Прилепската болница континуирано работи на воведување современи методи и подобра здравствена грижа за пациентите од Прилеп и регионот“, соопшти Министерството за здравство.

Scroll to Top