За 410 првачиња од Ѓорче Петров бесплатни ранци, училишен прибор и по 3.000 денари финансиска поддршка од општината

Општина Ѓорче Петров и оваа учебна година продолжува со конкретна поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. Во новата учебна година, во основните училишта на територијата на општината се очекуваат 410 првачиња, а секое од нив ќе добие бесплатно анатомско ранче и училишен прибор.

„Во изборот на ранчињата, денес учествуваа и идните првачиња од детската градинка „Росица“, со што најмладите директно беа вклучени во подготовките за нивниот прв училишен ден.

Дополнително, со почетокот на учебната година, секое прваче ќе добие и еднократна парична поддршка во износ од 3.000 денари од Општина Ѓорче Петров, како и бесплатна ужинка“, извести Општина Ѓорче Петров.

„Со овие мерки, општината има за цел да им помогне на семејствата во периодот кога трошоците за почетокот на учебната година се зголемени, но и да обезбеди еднакви и достоинствени услови за секое дете кое го започнува своето образование.

Инвестициите во образованието, подобрувањето на условите во училиштата и директната поддршка за учениците и родителите остануваат еден од приоритетите на Општина Ѓорче Петров“, се додава во соопштението.

Scroll to Top