Изгубил контрола и се превртел со мопедот: тешко повреден 16-годишник

Вчера во 15:00 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на патот Пробиштип-с.Крупиште, во атар на с.Лезово, 16-годишник од с.Злетово, пробиштипско, управувајќи мопед „априлија“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел со мопедот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Јавната здравствена установа „Нада Михајлова“ во Пробиштип.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

Scroll to Top