Истурил течност и запалил „лaнд ровер“, утрово гореше возило во Куманово

Рано утрово луксузен „ланд ровер“ беше опожарен на улицата Моша Пијаде во Куманово.

Настанот бил пријавен во СВР Куманово на 30 август 2025 година, околу 05:10 часот, од лицето Б.Ц. Пожарот бил забележан на возилото сопственост на А.Г., кое веднаш било гаснато со помош на сопственикот и негов сосед, спречувајќи поголема катастрофа.

По насоки на дежурен јавен обвинител, увид извршила увидна екипа на ОКТУПА при СВР Куманово. Констатирано е дека станува збор за подметнат пожар. Засега непознат сторител со непозната течност го испрскал возилото на повеќе места, ја запалил и потоа успеал да побегне без да биде забележан.

Од полицијата информираат дека е причинета материјална штета во износ од околу 120.000 денари, а истрагата е во тек.

Scroll to Top