Кичевец излетал од патот со „голф“, возел со активна забрана и одбил алкотест

Триесет и двегодишен кичевец е лишен од слобода по сообраќајна незгода и сомнение за „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

Според полицијата, на 9 септември во 03:10 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.С. (32) од Кичево.

Тој, управувајќи „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, на кружен тек на улицата „Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот.

При преземањето мерки било утврдено дека Д.С. го управувал возилото за време на активна забрана за управување моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото било одземено.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top