Кривична за гевгеличанец кој лани во мај бегаше од полиција со лице осудено на четири години затвор

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(34) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“.

На 30 мај, лани, на местото кое локалниците го знаат како ’Нова депонија’ над село Ново Конско, гевгелиско, пријавениот не застанал на даден знак од полицијата за запирање на возилото кое го управувал, и заедно со неговиот сопатник, лице барано по потерница  за издржување на казна затвор од четири години, побегнале од местото.

Scroll to Top