Одделението за прекуграничен криминал, миграции странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против С.С.Ф. (50) од Германија, К.С.(44) од Србија и против Х.Ф.А. (48) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’. Тројцата во саботата, на 18.07.2026 на граничниот премин Табановце, на влез во државата, на полицајците им дале фалсификувана хрватска возачка дозвола, фалсификувана германска возачка дозвола и фалсификувана турска возачка дозвола.







