Лефков до Бочварски: На интерпелацијата сакате да наметнете амнестија за вашата неработа, а сте се потпишале сите поранешни министри од владата на СДС

„Ова не е интерпелација на министерот за земјоделие, ова е еден политички парадокс. Кога вие заедно ќе погледнете со кои луѓе сте потпишани на оваа интерпелација, вие, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи, Јованка Тренчевска, се министер до министер, луѓе коишто изминатите 7 години располагаа со средства, финансии, институции, законодавство. Вие се обидувате овде преку оваа интерпелација да наметнете една амнестија за вашата неодговорност и вашето неработење’’, истакна пратеникот Миле Лефков во реплика кон пратеникот од СДС, Благој Бочварски, во рамки на денешната собраниска седница.

Пратеникот Лефков додаде дека кога се говори во делот на бројките за земјоделците, поради неодговорното работење на Љупчо Николовски се намалиле повиците на кои аплицирале земјоделците.

„Кога дојдовте и кога седнавте во фотелја на повиците на ми9нистерството се јавуваа 95.000 земјоделци. Кога заминавте се јавуваа 65.000 земјоделци на повиците. 30.000 помалку земјоделци во ваше време и поради вашето неодговорно владеење“, заклучи Лефков.

Scroll to Top