Лишени од слобода двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Полициски службеници вчера лишиле две лица од Скопје кои се фатени крадејќи пари од простории на правно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Вчера околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари на ул.„Козара“ на подрачјето на Центар во Скопје – посочуваат од Министерството.

Од МВР информираат дека одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top