Малолетник бил физички нападнат од неколку свои соученици во основно училиште на подрачјето на скопската општина Карпош, според пријава поднесена во СВР Скопје.
Случајот го пријавила неговата 54-годишна мајка на 9 октомври во 13:30 часот. Според пријавата, нападот се случил претходниот ден, на 8 октомври.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.







