Мајка пријавила дека негувателка во градинка во Хром ја повредила нејзината ќерка

Мајка пријавила во полиција дека негувателка ја повредила нејзината ќерка во градинка во Хром.

Според информациите на МВР, вчера 36-годишна жена пријавила дека на 14 август, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, таа ѝ кажала дека била удрена од негувателка, односно дека ја стиснала за ногата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

фото/Depositphotos

Scroll to Top