Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Г. (52) од Словенија поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според пријавата, во периодот од 23 до 27 октомври 2025 година, пријавената неовластено користела банкарска картичка во сопственост на друго лице.
Со картичката, преку интернет апликација, таа извршила 47 трансакции во вкупна вредност од 99.751 денар.







