Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка.

За време на саемот предвидено е министерот Мисајловски да реализира одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка Република, Роберт Калинак и со министерот за одбрана на Република Чешка, Јарослав Зуна.

Годинашниот меѓународен саем IDEB, е најавен како најголем досега, со учество на над 150 излагачи од 16 земји, на кој ќе бидат изложени современи воени системи и опрема.

Scroll to Top